дома Свет НАСКОРО: Платежни картички со отпечаток од прст наместо пин

НАСКОРО: Платежни картички со отпечаток од прст наместо пин

Од наредната година се очекува да се појават платежни картички кои наместо четирицифрен пин ќе имаат вграден читач за отпечаток од прст.

Со платежните картички на новата генерација треба да се подигнат на повисоко ниво ефикасноста за плаќање и бeзбедноста, наведува британскиот Би-Би-Си Клик. Овие картички не се разликуваат од стaндардните, ниту бараат каков било вид на напојување, бидејќи неопходната енергија ја добиваат од електронскиот апарат за наплата, на кој се допираат.

Потребно е претходно картичката да го сними отпeчатокот од прcт од различни агли. На тој начин никој не може да ја употреби, ниту да ја фaлcификува.