дома Хроника НАТЕПАНИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО КУМАНОВО: Фрлил отпад на тротоар, немал документи, па ги...

НАТЕПАНИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО КУМАНОВО: Фрлил отпад на тротоар, немал документи, па ги нападнал полицајците

Полициски службеници при вршење на мотопатролна служба во Куманово на улицата „Народна Револуција“ забележале како од патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со кумановски регистерски таблици од совозачкото седиште лице фрлало отпаден материјал на тротоар.

Возилото го управувал Е.Р. (22) од Куманово, а при извршеното легитимирање на совозачот, М.Н.(22), кој не носел документи му било укажано дека му биле констатирани прекршоци по Законот за лични карти и Законот за јавна чистота.

Тој почнал да ги омаловажува полициските службеници, давал отпор а во тој момент возачот Е.Р. со употреба на физичка сила извршил и попречување на полициските службеници во преземање на службените дејствија.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следат соодветни поднесоци.