April 17, 2024, 11:49 pm

НАТО веќе се „вовлече“ во Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАТО се движи кон Русија, а Москва не може тоа да го остави без одговор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Дури и без членството на Украина во НАТО, гледаме како Алијансата постепено почнува да навлегува на територијата на Украина. Прво се појави одбранбено оружје, потоа модерно оружје со висока технологија, потоа се појави офанзивно оружје, потоа оружје со двојна намена, потоа дојдоа инструктори на НАТО да ги обучуваат украинските војници како да ги користат овие сложени оружја итн. НАТО веќе се вовлече во Украина, изјави Песков за телевизијата RTVI.

Тој изјави дека Украина е веќе официјално, всушност на законодавно ниво, изрази својата намера да влезе во НАТО и додаде дека тоа е многу лошо за Русија, бидејќи на тој начин воената инфраструктура на НАТО ќе почне да се движи кон руските граници .
Песков заклучи дека НАТО го зголемува своето присуство на територијата на Украина и дека Русија не може да остане рамнодушна на тоа.

Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното интензивирање на агресивните акции од страна на Русија во близина на границите на Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по сопствена дискреција. Според него, тоа не е закана за никого и никого не треба да загрижува. Москва постојано изразува загриженост поради зголемувањето на силите на НАТО во Европа. Кремљ нагласи дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси. Во Русија овие обвинувања беа демантирани во неколку наврати, нагласувајќи дека тие најчесто се користат како изговор за да се донесат повеќе сили и опрема на НАТО на границите на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This