Имено,отуѓените од сопствените матични држави,корумпираните бирократи во Брисел,инсталирани таму од обама-клинтоновското разузнавачко-криминално политичко подземје,не ги претставуваат ставовите на државите членки на ЕУ,туку како отуѓена инсталирана врхушка,го продолжуваат обидот за предизвикување нови немирни жаришта и воени судири,како единствена опција на веќе поразената обама-клинтоновска политика.Така,овие корумпирани бриселски инсталации,покрај обидот во Република Македонија да инсталираат Влада спротивно на јасно изразените изборни резултати и спротивно Уставот на Република Македонија,го поттикнуваат и насилството на истокот на Украина и започнуваат со дестабилизација на Босна и Херцеговина.
Тоа е нивниот последен,очајнички обид,да го оневозможат започнатото затоплување на односите меѓу САД и Руската Федерација,но и меѓу државите членки на ЕУ поединечно со Руската Федерација,со што,би го вратиле светот во обама-клинтоновската ера на судири,нестабилност и нови жаришта во обид да предизвикаат воена катастрофа од пошироки размери.
Токму затоа,Националниот Комитет на МААК го охрабрува претседателот Иванов да го заштити Уставот и уставните одредби на Република Македонија,не потклекнувајќи пред уцените,заканите и притисоците од страна на инсталираните корумпирани бирократи од Брисел,чиј крај се наѕира,со што ќе ги оневозможи нивните веќе двегодишни планови за дестабилизација на Република Македонија и нејзино враќање на „линијата на огнот„ и недвосмислено ќе придонесе во воспоставување на новите меѓународни односи на пријателство и соработка.
Истовремено,Националниот Комитет на МААК го задолжи претседателот на партијата,доколку се јави потреба,да го повика членството,симпатизерите и сите добронамерни граѓани на Република Македонија,во одбрана на Уставот и уставните одредби и во одбрана на изборните резултати и начинот за формирање Влада произлезени од нив,а против обидот за насилно инсталирање на Влада,спротивно на јасно изразената изборна волја на 11-ти декември минатата година.
НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ НА МААК