дома Македонија НАЈАВЕНА НОВА „ЧИСТКА“ ВО ВЛАДАТА: Бујар Османи најави реконструкција на владата по...

НАЈАВЕНА НОВА „ЧИСТКА“ ВО ВЛАДАТА: Бујар Османи најави реконструкција на владата по гласањето на уставните измени

После уставните измени се најавува реконструкција на Владата. Вицепремиерот Бујар Османи рече дека коалиционите партии бараат да ги сменат претставниците во извршната власт.

Османи не ги истакна имињата на министрите кои ќе заминат и на оние кои ќе се именуваат.

“Има неколку барања од политичките партии за да ги сменат нивните кадри во влада, нема идеја за некаква поголема реконструкција туку повеќе барања на политичките партии има поради промена на нивните внатрешни контексти кои мислат дека можат со други кадри да ја реализираат нивната партиска програма. Мислам дека по уставните измени ќе седнат сите политички партии на коалицијата и ќе најдат начин како да се исполнат овие барања“, рече Османи.