January 30, 2023, 9:14 am

Најголемиот успех во европската интеграција – 12 години визна либерализација со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот македонски амбасадор во САД, Васко Наумовски, на фејсбук потсети за годишнината од визната либерализација со ЕУ.

„Пред 12 години, на 19.12.2009 год., стапи на сила одлуката на Советот на ЕУ за визна либерализација, со што македонските граѓани почнаа да патуваат во државите-членки на Шенген зоната без визи.
Како вицепремиер за европски прашања, заедно со тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, при првото безвизно патување, заедно со стотина наши сограѓани го посетивме Париз.
Визната либерализација останува еден од нашите најголеми успеси во европската интеграција, и највидливата европска придобивка за сите нас. Честитки за сите оние што напорно работеа за реализација на овој историски успех!„ – Напиша Наумовски на фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This