дома Свет НАЈДОБАР СУМ, ПОСЛЕ ЛИНКОЛН: Трам се пофали дека направил повеќе за црната...

НАЈДОБАР СУМ, ПОСЛЕ ЛИНКОЛН: Трам се пофали дека направил повеќе за црната популација од неговите претходници

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изјави дека тој направил повеќе за црнечката заедница во САД од кој било претседател со „можен исклучок на друг републикански претседател, покојниот, голем, Абрахам Линколн“.

Трамп оцени дека тој направил повеќе за црната популација отколку што неговиот веројатен политички опонент на претседателските избори од Демократската партија Џо Бајден што направил за 43 години, јави Би Би Си.

Бајден го кpитикуваше Трамп дека ја искористил кpизата за да им се допадне на своите приврзаници, велејќи дека тој „служи на страстите на неговата база“.