Најмоќната жена во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот магазин Форбс ја објави листата на 100те најмоќни жени во светот. На самиот врв првото место го зазеде Мекензи Скот (51), поранешната сопруга на милијардерот Џеф Безос (57).

Мекензи зад себе остави на листата познати жени како Камала Харис, Кристин Лагард, Мари Гару и Мелинда Гејтс.

Кога раскина со милијардерот Безос, Скот вети дека ќе подели добар дел од средствата што ги добила преку парницата за развод за хуманитарни цели, објавува Форбс.

„Имам непропорционална сума пари за споделување и ќе го правам тоа додека сефот не се испразни“, напиша таа во мај 2019 година, кога потпиша ветување за донација.

Поранешната сопруга на Безос и мајка на четири деца основала група против злоупотреба, а во 90-тите му помогнала на милијардерот да го основа Amazon. До разводот беше во сенка на сопругот, а веднаш потоа почна да планира како ќе сподели добар дел.

Според Форбс, Скот „тежи“ 57 милијарди долари и таа има поделено дури 8,9 милијарди долари на повеќе од 780 организации кои промовираат прашања за родовата еднаквост, расното право и јавното здравје.

Мекензи нема канцеларии и персонал кој работи за неа. Таа ги плаќа сите донации со помош на нејзиниот сопруг Ден, истражувач и советник на непрофитната консултантска компанија Bridgespan. Не постои одбор на директори, а бидејќи нејзините донации не одат преку добротворната организација, нема барања за известување.

Споредувајќи ги Скот и фондацијата Гејтс, која има речиси 1.800 вработени и заработила 5,8 милијарди долари грантови во 2020 година, поранешната сопруга на милијардерот поделила слична сума истата година.

Инаку, Мекензи ги дава своите донации „без ограничувања“, што значи дека организациите што ги примаат можат да ги користат како што им одговара, пишува Форбс.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This