дома Македонија НАЈНОВА АНКЕТА: Сиљановска убедливо води кај Македонците, предноста на Пендаровски е во...

НАЈНОВА АНКЕТА: Сиљановска убедливо води кај Македонците, предноста на Пендаровски е во статистичка гpeшка!

Македонската Радио Телевизија пред вечерашното ТВ соочување на претседателските кандидати објави анкета од истражување на јавното мислење според која претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска Давкова кај Македонците убедливо води пред Стево Пендаровски.

Според анкетата на МРТ, за Сиљановска ќе гласаат 34% од Македонците, пред Пендаровски за кого ќе гласаат 28,7% од оние со Македонска етничка припадност и Блерим Река кој има 0.80%.

Анкетата за МРТ ја спровела агенцијата „М-проспект“ на репрезентативен примерок од 1190 испитаници. Според тврдењата на телевизијата, статистичката гpeшка е 2,8%, а нешто помалку од тоа изнесува вкупната предност на кандидатот Стево Пендаровски пред Гордана Сиљановска Давкова.

Пендаровски со рејтинг од 26,7% води со предност изразена помалку од статистичката гpeшка од 2.8% пред Силјановска која има рејтинг од 24% и Блерим Река кој има 11.10% поддршка. 16.4% од гласачите нема да гласаат ниту за еден а 15.8 одговориле дека сеуште не одлучиле. 6% одбиваат да одговорат.

Во исто време, според анкетата на МРТ, ќе пропадне и бојкотот, за кој се изјасниле само 10.7% од испитаниците.