дома Социјални Мрежи Најчевска до Заев: ЕУ не е волшебно стапче за да го намали...

Најчевска до Заев: ЕУ не е волшебно стапче за да го намали иceлувањето, напpoтив, ќе го олесни

Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев кој вели дека “Влезот во ЕУ ќе го намали иселувањето на граѓаните“:

„Влезот во ЕУ нема да го намали иселувањето од Македонија. Напротив. Ќе го олесни. Тоа го покажуваат и Бугарија и Романија и Хрватска и … – вели Најчевска.

Само суштински промени кои ниту една актуелна партија на политичката сцена не може да ги обезбеди можат да доведат до намалување на овој тренд. Тие промени можат да бидат направени и без влез во ЕУ.

Не ни треба влез во ЕУ за да се професионализира наместо да се партизира администрацијата.

Не ни треба влез во ЕУ за да се намалат привилегиите на функционерите.

Не ни треба влез во ЕУ за да запре неказнивоста на секој кој ќе дојде на власт.

Не ни треба влез во ЕУ за да се обезбеди добивање документ по електронски пат.

Не ни треба влез во ЕУ за искористување на сончевата енергија.

ЕУ не е волшебно стапче за решавање на нашите проблеми. Нема магични решенија. Има знаење и работа и професионалност и искористување на сопствените потенцијали и заштита на јавното добро и благосостојба на штое можно поголем број луѓе“, пишува професорката на Фејсбук.