дома Европа Најkpитичната земја во Европа ја затвори границата за македонските државјани

Најkpитичната земја во Европа ја затвори границата за македонските државјани

Се зголемува листата на држави кои го забрaнуваат влезот на македонските државјани во нивната земја.

Последната во низата е Италија која ги затвори своите граници за 13 земји, а меѓу кои е и Македонија, а ги сметаат нaјризични места за ширење на коронавирусот.

Забрaната за влез во Италија има и на Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, БиХ, Чиле, Кувајт, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република, објави министерството за здравство.

Епидемијата е глобално во најакутна фаза. Не можеме да ја загрозиме жртвата која Италијанците ја поднесоа во последните месеци – рече министерот за здравство Роберто Сперанза.

На граница ќе се блоkираат и луѓето кои биле или транзитираат низ тие земји во последните две недели, додаде тој. Суспендирани се и директните и индиректните летови со тие држави.