February 7, 2023, 9:27 am

На Героски му се споија минус и плус: Сега Тричко ти и твоите другарчиња можете на к.. да ми се обecите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И МВР ГО БРАНАТ БРАНКО ТРИЧКОВСКИ ОД КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ СО ЗАСТАРУВАЊЕ – ТАКА СЕ БРАНИ САМО КУКАВИЦА!

Поради статус на Фејсбук, во кој Бранко Тричковски повика да бидам обесен, статус пренесен и од страна на еден наш портал, на 6 декемрви 2019 година, во Основното јавно обвинителство Скопје, поднесов кривична пријава, за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста според член 144 став 1 в.в. став 4 од Кривичниот законик на РМ.

Очекував ОЈО да постапи според законот.

Денеска, прв пат по поднесувањето на пријавата пред 21 месец, повикан сум од страна на Одделението за насилен криминал на СВР Скопје, во врска со оваа пријава. Својата обврска ќе ја исполнам в понеделник.

За наведеното кривично дело запретена е парична казна или затвор до 6 месеци.

Според законот, 2 години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор до 1 година или парична казна, тоа застарува.

Значи, органите на прогонот за прв пат ме повикуваат на разговор во врска со мојата кривична пријава против Тричковски на 2 месеци и 24 дена пред истекот на рокот за застарување.

Јасно е дека во тој рок не постојат ни теоретски шанси да се стори било што во врска со кривично-правниот настан што уредно го пријавив, да повторам, на 9 декември 2019 година.

Во понеделник во 10 часот секако ќе се појавам во канцеларијата на инспекторот што ме повика на разговор, за да му се заблагодарам на љубезноста и да го прашам дали тој самиот го одложувал преземањето на било какви дејствија, или за тоа е виновен некој друг. Ако биде љубезен да ми каже, добро. Ако не, пак добро. Јас секако за непостапувањето, односно за задоцнетото постапување, со писмен допис ќе ги информирам надлежните органи.

Сметам дека со овој пост новинарските здруженија се известени за оваа ујдурма. Ако им се потребни дополнителни информации, стојам на располагање.

Толку од митот за тоа дека сите сме еднакви пред законот, драги мои!

Јасно е дека некој смислено ја ставил мојата кривична пријава во фиока и сега сака да одглуми „реакција“, за да се прикрие очебијниот факт дека Јавното обвинителство и МВР намерно решиле да не преземаат никакви дејствија и така да го одбранат Бранко Тричковски од одговорност за стореното кривично дело.

Одбрана со застарување. Кукавичка одбрана!

Било како било, ова за мене е сатисфакција и директна потврда дека имало причини поради која органите на прогонот одлучиле да го „бранат“ познатиот медиумски хејтер со застарување на делото.

Оваа валкана игра е индиректно признание на вината на сторителот на кривичното дело, за кое поднесов кривична пријава, верувајќи наивно во институциите на системот.

Го предавам сега кутриот Тричковски, вака избербатен од сопствената постапка и од „одбраната“ на органите на прогонот, на судот на јавноста и на судот на сите оние луѓе кои му се драги и кои нешто му значат.

Сега и ти, Тричко, но и твоите другарчиња во Јавното обвинителство и во МВР, можете на к.. да ми се обесите, пишува на Фејсбук уредникот на Плус Инфо, Бранко Героски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This