дома Религија НА ИНАЕТ НИШТО НЕМА ДА СЕ ПОСТИГНЕ: Трајно решение на односите меѓу...

НА ИНАЕТ НИШТО НЕМА ДА СЕ ПОСТИГНЕ: Трајно решение на односите меѓу МПЦ и СПЦ со договор за евхаристичка заедница и канонско единство на реципроцитетна основа

Светиот архиерејски собор на Српската Православна Црква да го одложи донесувањето на измените на Уставот на Српската Православна Црква поради мешање во јурисдикцијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.

СМК отфрла регистрација на српска епархија во Македонија под името “Грко-Православна Охридска Архиепископија на Печката Патријаршија во Македонија“, и покрај одлуката на Европскиот Суд за човекови права во Стразбур.

СМК смета дека односите меѓу Српската Православна Црква како канонска наследничка на Печката Патријаршија и Македонската Православна Црква како канонска наследничка на Охридската Архиепископија треба да се решаваат на реципроцитетна основа и со почитување на еднаквата сувереност меѓу Република Македонија и Република Србија.

Македонците во татковината и во светот посакуваат трајно решение на односите меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква, како единствено отворено прашање меѓу двете држави – Македонија и Србија и двата братски народа – Македонскиот и Српскиот, со Договор за евхаристиска заедница и канонско единство меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква.

СМК предлага наместо формирање на српски епархии во Македонија и македонски епархии во Србија, во Охрид да се изгради Српски православен манастир, а во Белград да се изгради Македонски православен манастир, под најповолни услови во соработка со надлежните органи на власта!