дома Русија НА ЛАВРОВ МУ Е ЖАЛ ЗА АМЕРИКАНЦИТЕ: Воведуваат санкции за кои се...

НА ЛАВРОВ МУ Е ЖАЛ ЗА АМЕРИКАНЦИТЕ: Воведуваат санкции за кои се уште не разбираат дека немаат никаков ефект!

Коментирајќи го новиот пакет санкции кои САД ги подготвува за Русија, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека му е жал што Американците се уште не ја сфатиле бескорисноста на тие ограничувања

„Не ги предупредувам, едноставно им реков дека тоа е бесмислено. Ништо повеќе. Им реков дека не ми е јасно зошто тоа се прави. Ако се уште не сфатија дека санкциите немаат ефект, тогаш ми е жал“, рекол Лавров во интервју за телевизијата „Русија 1“.

И помошиот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, коментирајќи ги најавените нови санкции на САД, изјави дека односите помеѓу двете држави се во многу комплексна фаза.

„Мислам дека и вака се лоши. Ни перспектива од подобрување нема на видик. Ќе видиме какви ќе бидат санкциите, а потоа ќе одлучиме како ќе реагираме“, изјавил Ушаков.

Американските сенатори, демократи и републиканци, на 13. фебруари пред Конгресот поднесоа закон кој во случај да биде усвоен ќе удpи на банкарскиот и енергетскиот сектор, како и на државниот долг на Русија. Санкциите се воведуваат поради „мешање во изборите во САД, лoшo влијание во Сирија и aгpecиja на Украина“.