дома Македонија НА МАКЕДОНИЈА И СЕ СЛУЧУВА ТИРАНИЈА ОД 80 ПРАТЕНИЦИ: Собранието оди спротивно...

НА МАКЕДОНИЈА И СЕ СЛУЧУВА ТИРАНИЈА ОД 80 ПРАТЕНИЦИ: Собранието оди спротивно на волјата на граѓаните јасно искажана на референдумот

Се што се случува во Собрание е тиранија на 80 пратеници оти постапуваат спротивно на референдумското изјаснување, спротивно на Уставот. Но ова не е последниот удар што ја чека Македонија, ами допрва ќе следуваат пострашни, предупредуваат експертите.

Македонија ќе биде пред постојан суд во иднина, ќе се мери секоја употреба на терминот „Македонија“, а вадењето на документи во кои пишува дека сме родени во Република Северна Македонија не само што ќе биде фалсификат и невистина, ами ќе донесе отпор меѓу луѓето како никогаш претходно.

Обајцата предупредуваат дека во состојба на немање антикорупциска комисија, непристрасно судство, прв ревизор, државата не може да има силна правна перспектива и сигурност.