Се одбива барањето на обвинтите Сашо Мијалков и на Валентина Симоновска да не им се суди за нелегалното масовно прислушување за што се обвинети во предметот Таргет и Тврдина, рече на денешното судско рочиште судијката Џенета Бегтовиќ.
На денешното рочиште обвинителот Трајче Пеливанов побара судот да го отповика решението за издвојување на постапката за обвинетата Гордана Јанклоска, и да и се суди заедно со останатите обвинети. Решението за оздвојување на постапката за Јанкулоска беше донесена бидејќи таа беше бремена, но сега, бидејќи таа присуствува на останатите рочишта каде што е обвинета за други предмети на СЈО, а овој случај се уште не започнал, обвинителството предлага да се води единствена постапка со сите обвинети.
Дали на Јанкулоска ќе и се суди издвоено или не ќе биде познато на наредното судско рочиште закажано за 13 септември.