дома Актуелно НА НЕКОЛКУ ЧАСА ПРЕД ИНАУГУРАЦИЈАТА: Доналд Трамп и Меланија пристигнаа на...

НА НЕКОЛКУ ЧАСА ПРЕД ИНАУГУРАЦИЈАТА: Доналд Трамп и Меланија пристигнаа на утринска молитва во црквата Св.Јован

Денеска Вашингтон е центарот на светот, бидејќи идниот претседател на САД влегува во белата куќа како 45 претседател на САД.

Инаугурацијата е најавена за 16:30 минути по локално македонско време, а Семејството Трамп утрово пристигна во градот.

Идниот претседател на САД, Доналд и неговата сопруга, идната прва дама на САД Меланија во моментов пристигна во црквата Св. Јован, каде се очекува да присуствуваат на утринската молитва.