дома КОВИД-19 (Коронавирус) На секои 15 секунди yмиpa по еден човек од Koвид 19

На секои 15 секунди yмиpa по еден човек од Koвид 19

Бројот на смртни случаи од коронавирус во светот надмина 700.000, според податоците на „Ројтерс“.

Најмногу смртни случаи има во САД, Бразил, Индија и Мексико.

Во просек, речиси 5.900 луѓе умираат од Ковид-19 на секои 24 часа, според проценките на Ројтерс врз основа на податоците од изминатите две недели. Тоа е еквивалентно на 247 луѓе што умираат секој час или еден човек на секои 15 секунди.

– Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во таа земја се потврдени уште 4.767 случаи на заразени со новиот коронавирус и дека уште 266 лица починале како резултат на таа инфекција. Вкупниот број заразени лица во државата е 443.813, а вкупно 48.012 лица починаа од почетокот на епидемијата. Мексико е на шестото место во светот по бројот на заразени, а на третото место по бројот на смретни случаи од Ковид-19.

– Во Индија, потврдени се 52.050 случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа, а како резултат на таа инфекција починале уште 803 лица. Шести ден Индија да пријави повеќе од 50.000 нови случаи на коронавирус. Во државата се заразени најмалку 1.855.745 луѓе и 38.938 смртни случаи се потврдени уште од почетокот на пандемијата. Во моментов, активни се 586.229 случаи на коронавирус, а според бројот на заразени, Индија е не третото место во светот.

– Во Русија во изминатите 24 часа регистрирани се 5.159 нови случаи на Ковид-19 со што вкупниот број на заразени лица се искачи на 861.423 лица. Русија по бројот на заразени лица се наоѓа на четврото место во светот, по САД, Бразил и Индија. Во изминатото деноноќие починаа уште 144 лица, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 14.351.

– Во Полска денеска се потврдени рекордни 680 позитивни случаи на новиот коронавирус на дневно ниво, а починаа шест лица. Од почетокот на епидемијата во земјата се заразени 48.149 лица и 1.736 смртни случаи