дома КОВИД-19 (Коронавирус) На скопскиот аеродром пристигнаа 38.400 вакцини од Астра Зенека

На скопскиот аеродром пристигнаа 38.400 вакцини од Астра Зенека

Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека преку Ковакс механизмот. Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години.

Министерот за здравство Венко Филипче апелираше до граѓаните да се пријават на vakcinacija.mk

Утре се очекува да пристигнат уште 100 000 вакцини кои се донација од кинеската влада.