дома Хроника На скопјанец му го украле луксузното БМВ

На скопјанец му го украле луксузното БМВ

Патничко моторно возило „БМВ 520“ со шведски национални ознаки е украдено синоќа на паркинг простор на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје.

Како што информира денеска МВР, 34-годишниот И.С. го пријавил случајот во полиција синоќа во 23 часот и 40 минути. Според него, возилото е украдено во периодот од 19:45 до 23:15 часот.

Сторителот се стекнал со имотна корист од околу 1.500.000 денари.

Се работи на целосно расчистување на случајот.