дома Занимливости НА СПРСКАТА МОДНА НЕДЕЛА: Натали Грубовиќ во цpнa тaнтeла ги собра сите...

НА СПРСКАТА МОДНА НЕДЕЛА: Натали Грубовиќ во цpнa тaнтeла ги собра сите погледите

Од 9-ти до 14ти октомври во Нови Сад се одржува Српската модна недела каде домашните срспки модни дизајнери како и странските учесници ги претставуваат своите колеции пред љубителите на модата и автентичниот дизајн.

Меѓу присутните во публиката се најде и нашата поранешна Бинго девојка и манекенка Натали Грубовиќ, која позираше пред фотографите.

За оваа прилика убавата Натали се одлучила за проверена и модерна комбинација сочинета од плисирано црно здолниште, споено со корсет од црна тантела со длабоко деколте, а завршниот стилиски печат избрала моторџиската јакна и минималистички сандали.

Бидејќи настанот се случува во Нови Сад, градот каде таа живее откако се омажи, Натали не го пропушти случувањето за да ги погледне новите модни креации, а со тоа покажа дека модата се уште е нејзина голема љубов иако веќе не чекори по модните писти.

Инаку, Натали неодамна го прослави вториот роденден на својата наследничка каде беше собрано целото семејство.