дома Македонија НА СРЕДБА СО ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ФСБ: Иван Стоиљковиќ на Форумот за...

НА СРЕДБА СО ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ФСБ: Иван Стоиљковиќ на Форумот за безбеднocт во Москва

Иван Стоиљковиќ, поканет од Секретарот на Советот за безбеднocт на Руската Федерација Николај Платонович Патрушев и ќе биде дел од десеттиот по ред “Форумот за безбеднocт“ кој го организира официјална Москва.

Николај Платонович Патрушев бил директор на Федералната служба за безбеднocт (ФСБ) на Русија (1999-2008), секретар на Советот за безбеднocт на Руската Федерација од 2008 год., и е на истата позиција со претседателски декрет (Владимир Путин) од јуни 2018 година.

Во врска со ова, Иван Стоиљковиќ истакна: “На покана од Секретарот на Советот за безбеднocт на Руската Федерација Николај Патрушев ќе учествувам на десеттиот по ред Форум за безбеднocт кој оваа година од 17 до 20 јуни ќе се одржи во Уфа, главниот град на Република Башкортостан. Овој Форум за безбеднocт се одржува секоја година по иницијатива на Советот за безбеднocт на Руската Федерација и подршка од структурите на ООН, како место и начин за водење професионален дијалог за пpoблемите од областа на безбеднocта.”