дома Uncategorized НА СТОЛТЕНБЕРГ МУ СЕ БРЗА: Очекувам сите сојузници да го потпишат протоколот...

НА СТОЛТЕНБЕРГ МУ СЕ БРЗА: Очекувам сите сојузници да го потпишат протоколот за прием на Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска соопшти дека наскоро ќе биде потпишан протоколот за пристап на Македонија во Северноатлантската алијанса.

– Разговаравме и за континуираната посветеност кон политиката на отворени врати. Сакам да им честитам и на Скопје и на Атина и да ги пофалам премиерот Ципрас и премиерот Заев за нивната храброст и силно лидерство, успевајќи спорот за името да го остават во минатото. Очекувам сите 29 сојузници да го потпишат протоколот за пристапување, по што Скопје ќе учествува на два состаноци на НАТО како гостин. Откако сите 29 сојузници ќе го ратификуваат протоколот, ќе ја поздравиме Република Северна Македонија како 30-ти член на НАТО. – рече Столтенберг на заедничката конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис денеска во Романија, по состанокот на европските министри за одбрана во Букурешт.

Тој истакна дека пристапот на Македонија во Северноатлантската алијанса ќе ги зајакне мирот и стабилноста во регионот и во Европа.