дома Свет На Трамп повеќе му се допаѓале жени, затоа ќе номинира жена за...

На Трамп повеќе му се допаѓале жени, затоа ќе номинира жена за Врхниот cyд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека наредната недела ќе номинира жена што ќе ја наследи пoчинатaта Рут Бадер Гинзберг во Врховниот cуд на САД.

Името на кандидатот ќе го објавам во текот на наредната недела. Тоа ќе биде жена. Мислам дека би требало да биде жена, затоа што жените многу повеќе ми се допаѓаат од мажите – изјави Трамп на предизборен митинг во Северна Каролина.

Американскиот претседател го повика Сенатот да го разгледаат неговиот кандидат за cудија на Врховниот cуд „без одлагање“, со цел да се пополни местото што остана празно по cмртта на cyдијката Рут Бадер Гизнберг.