дома Македонија НА ЈАКИМОВСКИ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ ДЕКА ЌЕ МУ ЈА РАСИПАТ СВАДБАТА НА...

НА ЈАКИМОВСКИ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ ДЕКА ЌЕ МУ ЈА РАСИПАТ СВАДБАТА НА СИНОТ: Тој вели нема да ме поколебаат

Лидерот на опозициската ГРОМ, Стевче Јакимовски во својата изјава за медиумите посочи дека изминативе 10-тина дена добивал закани од СДСМ дека ќе му ја расипат свадбата на неговиот син која треба да се одржи во текот на утрешниот ден. Сепак тој вели дека нема да го поколебаат, и истакнува дека секој патриот во република Македонија е должен да застане во одбрана на името на Македонија.

-Пред да ми се одземе пасошот и пред да ми се одреди мерка на претпазливост, претходните 10 дена СДСМ се фалеше дека ќе му ја упропасти свадбата на Стевче Јакимовски, значи имам свадба за мојот син. Свадбата ќе биде утре и ова е дел од тоа сценарио за притисок врз мене. Јас сакам да им кажам дека нема да ме поколебаат во својата одлука. Секој патриот во Република Македонија е должен да застане во одбрана на уставното име без разлика со што му претат какви закани има и со какви све средства се подготвувени претставниците на македонскиот режим да се искористат, вели Јакимовски