дома Македонија НЕВАКЦИНИРАНИTE ДЕЦА МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ПОД УСЛОВ: ДО...

НЕВАКЦИНИРАНИTE ДЕЦА МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ПОД УСЛОВ: ДО СЕПТЕМВРИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ

Можно е децата да бидат запишани во прво одделение, а во меѓувреме да се вакцинираат, рече министерот за образование Арбор Адеми, одговарајќи на новинарско прашање што договориле викендов на средбата со министрите за здравство и правда.

Тој кажа дека сѐ уште ги разгледуваат сите опции и дека за тоа ќе разговараат и во Влада, со оглед дека основното образование е задолжително, но и јавното здравје мора да се одржи.

„Една од опциите кои ги разгледуваме е децата да се запишат во прво одделение, а од септември ако останат невакцинирани да одиме со теренска вакцинација“, рече Адеми.

Министерот за здравство Венко Филипче викендов кажа дека не отстапуваат од ставот да не се примаат невакцинирани деца во градинките и училиштата, бидејќи само така може да се стави крај на епидемијата со мали сипаници, во која досега починаа 4 деца.

Тој рече дека Министерството за труд и социјална политика веќе го изменило правилникот за прием на деца во градинките, а дека со Министерсвото за образование треба да најдат решение.