дома Хроника НЕВЕРОЈАТНИ 1215 МИКРОГРАМИ НА МЕТАР КУБЕН: Вечерва срушени сите рекорди во загаденост!

НЕВЕРОЈАТНИ 1215 МИКРОГРАМИ НА МЕТАР КУБЕН: Вечерва срушени сите рекорди во загаденост!

Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички вечерва достигна досега незабележани и аларманто високи 1215 микрограми.

Ова вечерва го регистрираше „Мој воздух“ во Прилеп, каде во моментот е загадено 20 пати повеќе од дозволените 50 микрограми на метар кубен.

Вечерва се гуши и цела Македонија. Ова го покажуваат мерните станици во моментот:

Главниот град на Македонија, Скопје синоќа беше прв во светски рамки, по загаденост. Индексот на загадување во Скопје беше 430, а веднаш зад македонската метропола на неславната листа се најдоа градови од Индија, Пакистан, Бангладеш и Косово.