дома Актуелно НИЗОК РЕЈТИНГ НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА: Мнозинството Македонци не сакаат членство во...

НИЗОК РЕЈТИНГ НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА: Мнозинството Македонци не сакаат членство во ЕУ според анкетата на ГМФ!

Соработник на Германскиот Маршалов Фонд (ГМФ) цитира анкета на „Регионалниот совет за соработка“ според која поддршката на граѓаните на Македонија за членство во Европската Унија сега е само 54 % или речиси за речиси 30 % помалку од анкетите што важеа до 2011 година – пренесува Експрес.мк

Експертот на ГМФ Роза Балфур за дел од медиумите кои што го следат процесот на влезот на Западен Балкан вели дека оваа бројка е резултат на подобрена поддршка за ЕУ што значи дека во минативе години уште помалку македонски граѓани сакале да влезат во ЕУ.

Ако се земат во предвид само Македонците како етничка група процентот е уште помал затоа што според предходните анкети членството во ЕУ најмногу е поддржани од немакедонските етнички заедници. Кај Македонците членството во ЕУ честопати се поврзува се губење на националниот идентитет.

Балфур ги повикува набљудувачите на процесите на евроинтеграција во регионот да се придружат на македонските надежи дека идната година ќе биде клучна.

Според Балфур ако се споредува Македонија со Србија, Македонците се чини дека се попосветени за придружување кон ЕУ од Србите каде што мнозина ја гледаат Русија како свој најдобар пријател.