дома Временска Прогноза Невреме започна да „беснее” низ Македонија – На овие места врне и...

Невреме започна да „беснее” низ Македонија – На овие места врне и грми

Невремето започна во дел од градовите низ Македонија. Некаде врне и грми, а се очекува невреме и во Скопје.

По сонцето утрово, пресврт што е многу лоша вест за метеопатите.

Ова е состојбата и температурите

Според УХМР денеска се очекуваат поројни врнежи од дожд и грмежи, а локално во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и појава на град на одредени места.

Во Скопје и околината преку денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и северен правец, а во вечерните часови се почекува појава на дожд и грмежи.

До четврток во Република Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и грмежи.

Во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи низ земјава.