дома Занимливости НЕГОВАТА ЕНЕРГИЈА ЈА ПPИВЛEЧЕ: Познатата српска пејачка му се „залепи“ на Даниел...

НЕГОВАТА ЕНЕРГИЈА ЈА ПPИВЛEЧЕ: Познатата српска пејачка му се „залепи“ на Даниел Кајмакоски

Од неодамна започна снимањето на новата сезона на регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“ ама овој пат продукцијата ги собра најдобрите учесници досега и затоа на името на шоуто е додадено „All stars“.

Меѓу сите тие ѕвезди кои досега маестрално се покажаа на сцената на ТЛЗП, секако е и победникот од 2016 година, нашиот Даниел Кајмакоски. Тој веќе е во Белград каде се снимаат новите епизоди, се обновуваат пријателствата и другарувањето зад и пред камерите.

Кајмакоски сосема ненаметливо се впушти во старо-нова авантура, а за неговото учество дознавме од српските медиуми кои пред околу една недела го објавија конечниот список на учесници, а потоа и за вистина.ком.мк, тој го потврди учеството и ги откри очекувањата.

„Предизвици секогаш ќе има и треба да ги има во животот, со нив растеме и се надминуваме себе си. Суштината беше тоа да се прифатат тие предизвици колку и да се тешки, затоа немам некоја посебна желба која имитација да ми се падне. Повеќе се препуштам на искусната екипа на “ТЛЗП“ бидејќи најинтересни се секогаш најтешките имитации“ ни изјави Кајмакоски.

Даниел сега е слободен човек со еден брак зад себе, така што максимално и се препупти на кариерата и се’ она што не го правеше откако кажа „да“ и стана татко.

Меѓу неговите последни фотографии се најде и таква каде е во друштво на атрактивната српска пејачка и поранешна учесничка во ТЛЗП, Едита Арадиновиќ, која се „залепила“ до нашиот Даниел, а во описот на „селфито“ вели дека има прекрасна енергија помеѓу нив.

Еден кадар не им беше доволен, па направија уште еден, само ги заменија страните. Убавата енергија меѓу нив е очигледна, а каква ќе биде онаа што ќе ја понудат пред камерите, останува да видиме…