Независниот синдикат на полицијата (НСП) бара итна промена на воведното ново седумчасовно работно време за работниците на униформираната полиција во полициските станици на територија на СВР-Скопје. Според нив, ваквиот начин на работа е крајно непродуктивен, незаконски и штетен како за вработените така и за граѓаните и бараат да се вратат старите смени од 12 часа.
Саздов изјави дека со цел надминување на проблемите бараат брза и итна средба со началникот на СВР-Скопје Тони Јакимовски на која ќе предложат решенија за надминување на проблемите.
Тој рече дека воведувањето позорна служба треба да се спроведува во согласност со законите и на начин кој ќе биде ефикасен и ќе покаже реална коирист за безбедноста на граѓаните.