дома Македонија Неизвесен почетокот на пленарната седница за Законот за употреба на јазици

Неизвесен почетокот на пленарната седница за Законот за употреба на јазици

Неизвесен почетокот на пленарната седница на која треба да се најде Законот за употреба на јазиците. Службите не биле технички подготвени, а голем број од амандманите не се преведени. Од власта велат дека ќе делуваат деловнички.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 35.000 амандмани кои, како што велат од партијата, имаат за цел усогласување на Законот со Уставот на Република Македонија, а не блокирање на работата на Собранието.

Инаку, денеска ќе се гласа и за потпреседатели на Собранието.