дома Балкан НЕИЗВЕСНА НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Уште пет земји го повлекуваат признавањето косовската независнот

НЕИЗВЕСНА НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Уште пет земји го повлекуваат признавањето косовската независнот

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека до крајот на годината очекува уште четири или пет земји да го повлечат признавањето на Косово.

Тој во своето гостување во ТВ „Хепи“ изјави дека разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и се согласиле да ја продолжат кампањата за повлекување на пpизнавањето и покрај тоа што западните cили на секој можен начин се обидуваат да ги cпречат.

Дачиќ одби да ги открие земјите кои ветиле дека ќе го повлечат признавањето.

Тој посебно нагласи дека ставовите со претседателот им се усогласени и дека тој самиот не би водел ваква кампања доколку ја нема поддршката на претседателот на земјата.