дома Балкан НЕКОИ ГОЛЕМИ СИЛИ САКААТ СУДИР НА КОСОВО: Директорот на директоратот за Косово...

НЕКОИ ГОЛЕМИ СИЛИ САКААТ СУДИР НА КОСОВО: Директорот на директоратот за Косово и Метохија во срспката влада смета дека некој намерно прави судири!

Директорот на канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија Марко Џуриќ изјавил дека не верува дека приштинските власти спровеле низа агресивни постапки со кои сакале да испровоцираат судир на Косово

Тој за Пинк изјавил дека сето тоа се работи во „премолчена согласност на големите сили“.

Според зборовите на Џуриќ, се молчи и при загрозувањето на човековите права што е на штета на Србија, но затоа се ослободуваат воени злосторници. Тој нагласил дека забраната за влез на возот од Србија е само кулиманција на напорите да се испровоцираат судири, потестувајќи на забраната за влез на претседателот на Србија Томислав Николиќ за Божик, заклучувањето на православната црква во Приштина, како и забраната за испораката на учебници на српски јазик.