дома Македонија НЕКОЈ ЗАБРАНИ ВМРО-ДПМНЕ ДА НАПРАВИ КОАЛИЦИЈА СО ДУИ: Кој забрани формирање на...

НЕКОЈ ЗАБРАНИ ВМРО-ДПМНЕ ДА НАПРАВИ КОАЛИЦИЈА СО ДУИ: Кој забрани формирање на влада помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ?

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири смета некој забранил ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да направат влада.

 

– Она што можеше да се прави и она што беше правено, тоа беше единствено ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е најголемата енигма на оваа политика. Зошто ДУИ не направи влада со ВМРО-ДПМНЕ?, вели Демири за емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов.

Новинарот прашува зошто двете партии не направија влада, бидејќи, како што вели, информациите од двата штаба велат дека пред Бујар Османи да соопшти дека нема влада и оти им треба уште време за размислување, во штабовите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се славело.

-Тука има внатре нешто суштествено. Кој им забрани да прават коалиција?, прашува Демири, посочувајќи дека некој забранил и тоа е казна за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Мислам дека во оваа фаза не е казна за Ахмети, меѓутоа и него ќе го стигне, истакна Демири.