дома Македонија (Видео) ОД ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Извадена и вреќа со градежни плочки

(Видео) ОД ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Извадена и вреќа со градежни плочки

По фамозната када која беше пронајдена на дното на Охридското езеро на 100 метри оддалеченост од брегот, на истата локација извадена е и вреќа со градежни плочки, а нуркачкиот клуб претпоставува дека се работи за санитарни реквизити од истото реновирање на несовесниот граѓанин.

Градежниот шyт бил извлечен изминатиов викенд од членот на нуркачкит центар „Акватек“, Никола Паскали. Вреќата со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана на дното од езерото.

Кадата и шyтот се уште стојат на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чекаат да бидат подигнати.