дома Политика НЕЛИ НЕ ЧИНЕШЕ „СКОПЈЕ 2014“: Зоран Заев го излижа тоа што го...

НЕЛИ НЕ ЧИНЕШЕ „СКОПЈЕ 2014“: Зоран Заев го излижа тоа што го исплукал и си постави билборд на барокната зграда на плоштадот „Македонија“

Празните зборови и ветувања, празната реторика на Заев и СДСМ од ден во ден станува се поочигледна и уште толку поочајна, имајќи ги во предвид катастрофалните рејтинзи и минималната посетеност на јавните настапи организирани од опозицијата

Последен доказ дека она што го зборува Заев е само очајна, празна реторика е и поставувањето на билборд со неговиот лик на една од фасадите на плоштадот „Македонија“ во Скопје кои се дел од проектот кој непрестајно е критикуван безмалку цела деценија токму од партијата на Заев.

Не е прв пат од СДСМ да си ги излижат плуканиците кои јавно ги пропагираат со години. Освен поставувањето на билбордот на Заев на една од реконструираните фасади кои се дел од проектот „Скопје 2014“, минатата година сопругот на Шеќеринска, Божидар Јанковски организираше приватна забава во новиот МНТ каде што гостин беше и Заев со неговата сопруга.

 

Претходно и Андреј Жерновски, еден од најголемие противници на проектот „Скопје 2014“ го смести ЈП „Паркинзи општина Центар“ во барокната зграда во близина на Кривичниот суд.