дома Локално НЕМА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ: ЈСП Скопје соопшти дека одлуката за бесплатен превоз завршува...

НЕМА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ: ЈСП Скопје соопшти дека одлуката за бесплатен превоз завршува денес!

Сакаме да ја информираме јавноста дека одлуката за бесплатно користење на јавниот превоз прекинува да важи денеска, 22.01.2019 година од 18 часот, информираат од ЈСП-Скопје.

-Одлуката ја донесе Град Скопје, согласно добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 µг/м3 и епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината, стои во соопштението и се додава:

„Со тоа, се укинуваат да важат вонредните мерки за намалување на загадувањето на воздухот, меѓу кои е и бесплатниот јавен превоз“.