дома Политика Нема да го пpeмoлчyвaмe кpиминaлoт, мора да има oдгoвоpноcт

Нема да го пpeмoлчyвaмe кpиминaлoт, мора да има oдгoвоpноcт

Во делот на борбата против корупцијата Македонија на листата на Транспарентност се на 106 место или по долниот дел на табелата. Наша цел е на крајот на мандатот да се најдеме во прва третина на оваа табела тоа е голем напредок да се биде во тој дел, а јас се надевам ќе се најдеме таму со нашите политики, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за радио Слободна Европа.

Прашан за бомбите кои често се објавуваат, а во кои е и Мицкоски, самиот Мицкоски вели дека секаде каде има индиции надлежните треба да преземаат активности. Мицксоки додадава дека кај него нема никаво криминално дејание.

-Јас стојам на ставот дека секаде каде има било какво криминално дејание, каде има основа за корупција за противзаконито работење се треба да се процесуира. Исто така ќе ги охрабрам и обвинителството и судството да постапуваат секаде каде има индиции за сторен криминал. Ние гледавме ногу видео материјали каде фисок функционер директор на институција зема купче пари и претпоставувам навикнат си ги става во чанта. Истовремено еден адвокат и соопшти на јавноста дека неговиот клиент има закани по живот зошто поднел десеттици кривични пријави против високи функционери на власта вклучувајчќи и лидер на политичка партија се надевам надлеѓните ќе постапуваат и по тоа, рече Мицкоски.