дома Македонија НЕМА КРАЈ НА ПАРТИСКИТЕ ВРАБОТУВАЊА: Сестрата на владиката Пимен вработена во јавната...

НЕМА КРАЈ НА ПАРТИСКИТЕ ВРАБОТУВАЊА: Сестрата на владиката Пимен вработена во јавната администрација во Ресен

Нема крај на партиските вработувања во јавната администрација. Се работи за  Јулијана Трајчевска – сестра на владиката Пимен, кој е по потекло од Ресен. На 17-ти септември оваа година се објавил оглас за вработување на стоматолошки техничар со средно образование во ЈЗУ Здравствен дом Ресен.

Многу е симптоматично што во истото време на објавувањето на огласот за Јулијана Трајчевска, нејзиниот брат, владиката Пимен, беше еден од најактивните ТВ ликови кои преку спотови излегуваа на владините реклами да се гласа “ЗА“ на референдумот кој се одржа на 30-ти Септември. Дали вработувањето на сестрата на Отец Пимен било дел од неговиот аранжман за поддршка на владината кампања за референдумот, оставаме да процените сами.