дома Македонија НЕМА ОБЕШТЕТУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА „ДИВО НАСЕЉЕ“: Списоците за обештетување на жителите...

НЕМА ОБЕШТЕТУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА „ДИВО НАСЕЉЕ“: Списоците за обештетување на жителите на Диво Насеље ги нема – тие обвинуваат дека некој ги украл!

Дел од жителите на Дива Населба велат дека неправедно се оставени надвор од списоците за обесштетување од 100 илјада денари кои ги вети Владата, за настаните од 9 и 10 мај 2015 година, објави „Алсат-М“, пренесе „Фокус“

Како што велат тие, се сомневаат во начинот на тоа како средствата биле распределени на оштетените.

„Сопругата и ден денеска има cтpec, од тој ден доби бoлecт. Сега, некој да земе средства, а воопшто не бил во населба и е далеку од тука, да земе што не му следува, а ние што сме тука не сме добиле, не знам. Ние го бараме тоа што ни следува, а не повеќе. Треба да се знае каде завршиле тие пари, кој ги злoупoтpeбил, кој ги земал, зошто да не ги дадат на нас“- изјави еден од жителите.

Фото – Алсат-М