дома Македонија НЕМА ПОВЕЌЕ „ЖИВОТ“: Владата ја укинува ефтината тарифа на струјата?

НЕМА ПОВЕЌЕ „ЖИВОТ“: Владата ја укинува ефтината тарифа на струјата?

Се укинува евтината тарифа на струјата?!- ова е прашањето на кое граѓаните бараат одговор.

Кога домаќинствата, односно граѓаните ќе ја купуваат струјата на слободниот пазар, евтината тарифа нема да постои, барем не во оваа форма.

Дали ќе има евтина тарифа на струјата од 14 до 16 часот во работни денови и цел ден во недела, ќе зависи од понудата на снабдувачот кој ќе го избере секое домаќинство.

Снабдувачите пак, сами ќе одлучуваат каков пакет ќе понудат. Понудите можат да вклучуваат и различни термини за евтина струја, но тоа неизбежно ќе значи и ново подесување на електронските броила.

Законот за енергетика треба да биде усвоен до крајот на март. Меѓу другото тој предвидува за оние граѓани кои нема самите да изберат снабдувач, струја да обезбедува таканаречен „универзален снабдувач“, фирма која ќе се избира на тендер на секои 5 години.