дома Политика НЕМА РАДИОАКТИВЕН ОТПАД НА ДРИСЛА: Шилегов лажел за радиоактивниот отпад на Дрисла...

НЕМА РАДИОАКТИВЕН ОТПАД НА ДРИСЛА: Шилегов лажел за радиоактивниот отпад на Дрисла за да ја дефокусира јавноста!

На Дрисла нема радио-активен отпад, но во тек се анализи за работењето на депонијата, изјави денеска премиерот, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

– Верувајте ми, не. Ако има такви работи, веднаш ќе интервенираме. Јас знам дека градоначалникот на Скопје прави анализи, заедно со правните тимови, на договорот, правно – формалниот дел на договорот и се должни да ме информираат, заради тоа што се работи за странска инвестиција во Република Македонија. Ние досега сме имале само информации, повеќе преку медиумите, заради тоа што немавме увид во архивите на Градот Скопје. После таа анализа, ние ќе го соопштиме на граѓаните правно – формалниот дел. Апсолутно не станува збор за никаква радиоактивност или недозволиви, штетни работи, кои што се однесуваат на штета на граѓаните. Апсолутно не – рече Заев.

Пред два дена, Петре Шилегов се обиде да ја дефокусира јавноста од актуелните теми за загаденоста на воздухот во Скопје и недоволната активност за расчистување на ваквата ситуација со објавување на баналности во врска со некаква радиоактивност на Дрисла.