Една аукциска куќа објави фотографии од принцезата Дајана кои досега јавноста никогаш не ги видела.
На нив принцезата не е на должност, туку е во опуштено и лежерно издание.
Фотографиите се од раните 80-те години и ја прикажуваат принцезата во ретките моменти кога не била под лупата на јавноста.
Со сопругот Чарлс и со пријателите уживала на село. Според изгледот и насмевката на нејзиното лице, може да се заклучи дека тоа се деновите во кои таа и Чарлс се уште биле вљубени.
Дајана на овие фотографии е среќна.
Фотографиите се на принцезата Александра, роднина на кралицата, која била домаќинка на настанот. Откриени се по нејзината смрт, а денеска ќе биде организирана аукција. Се очекува да бидат продадени по висока цена бидејќи се искличително ретки и многу вредни.