дома Македонија НЕОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ОХРИД: Водство на кандидатот на СДСМ, Константин Георгиески!

НЕОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ОХРИД: Водство на кандидатот на СДСМ, Константин Георгиески!

Првичните неофицијални резултати од предвремените избори за градоначалник на Охрид укажуваат на пoбеда на кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Константин Георгиески.

Според преброените 29 илјади или 90 проценти од гласовите, Георгиески има убедлива предност од речиси четири илјади гласа пред противkaндидатот на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски.

Во изборниот штаб на СДСМ во Охрид веќе се слави, оттаму што сегашната разликата во гласовите укажува на извесна победа на градоначалничките избори.