Изгаснат е пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Сведоци на настанот велат дека има повеќе повредени и починати лица, но тоа засега се уште не официјално потврдено.
Полицијата ги отстрани присутните и во секој момент се очекува да почне увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот.
-Информирана сум дека пожарот избувнал многу брзо и брзо се ширел. Немам информации за можни жртви, за тоа секако ќе бидеме официјално информирани. Апсолутно жалам што се работи за болни луѓе кои биле тука на лекување. Допрва се очекуваат информации од полицијата и од болницата, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.
Министерот за здравство Венко Филипче итно се упати кон Тетово, по информацијата дека има има пожар во Ковид центарот.
-Во моментов се движам накај Тетово каде, за жал, има пожар во Ковид центарот. Во најскоро време по увидот на состојбата ќе споделиме официјални информации што точно се случува. Апелирам за смиреност додека ги чекаме деталите за несреќата, напиша Филипче на Твитер(MИА)
Неофицијално: Има зaгинaти во пожaрот во тетовската болница, министерот Филипче се упати кон Тетово
Поврзано
- Advertisement -