дома Социјални Мрежи НЕПРИЈАТЕЛОТ НЕ СПИЕ, РУСИТЕ ДОАЃААТ: Цуцуловски за „руските непријатели“ кои од САД...

НЕПРИЈАТЕЛОТ НЕ СПИЕ, РУСИТЕ ДОАЃААТ: Цуцуловски за „руските непријатели“ кои од САД се префрлија на Македонски терен!

„НЕПРИЈАТЕЛОТ НЕ СПИЕ, РУСИТЕ ДОАЃААТ! Откако ги средија претседателските избори во САД, Русите се префрлаат на македонски терен, за да ја досуредат досуредената Македонија. Нивна цел била да предизвикаат немири и незадоволства (пропаднатата прослава е нивно дело), како и да влијаат врз непостоечкиот референдум. Убаво нè учеа комунистите дека непријателот никогаш не спие – како надворешниот, така и внатрешниот. Срам да им е! – пишува филозофот Цуцуловски на својот ФБ профил.

П.С. Водата спие, Русите не спијат.“

Но, како и да е, Македонија незапирливо чекори напред. И Цуцуловски се сложува.

„ЧЕКОР НАПРЕД! Порано со нас постапуваа како со стока. Сега сме чекор напред – дозволуваме со нас да постапуваат како со стока.

Сепак, сѐ има свој крај. Индикатор дека е така е „успешната прослава“, организирана од драгите и мили народо-усреќувачи, фини и многу чувствителни луѓе“, пишува иронично професорот на својот Фејсбук профил.