дома Локално НЕСРЕЌА ВО АВТОБУС НА ЈСП:Врата му ја приклештила раката на четиригодишно дете

НЕСРЕЌА ВО АВТОБУС НА ЈСП:Врата му ја приклештила раката на четиригодишно дете

Во 19,40 часот на улицата „Алија Авдовиќ“ во автобус на ЈСП бр. 65 А со скопски регистерски таблици управуван од 41-годишниот А.Д. од Скопје се случила страшна несреќа.

При затворање на предната врата на четиригодишно дете-патник од Скопје му била приклештена десната рака со вратата. Детето со возило веднаш било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди на десната рака, а по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување.

Се работи на целосно расчистување на настанот.