дома Занимливости НЕЈЗИНИОТ ПОТЕГ НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАЛ: Паркирал скапа кола и ја пречекал...

НЕЈЗИНИОТ ПОТЕГ НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАЛ: Паркирал скапа кола и ја пречекал девојка која сакал да ја импресионира

Јутјуберите од каналот „TopNotch Idiots“ често снимаат видеа во кои им приоѓаат на девојки и се обидуваат да ги убедат дека се полни со пари и дека можат да им oбeзбeдaт сешто ако прифатат да излезат со нив.

Овој пат паркирале автомобил со златна боја во близина на пешачки премин, па наишла девојка на која решил да ѝ пријде еден од јутјуберите, Опто.

Разговарале за автомобилот, а јутјуберот ја искористил приликата да истекне дека необичната боја ја платил 6.000 долари.

Девојката се шoкирaлa од цифрата и му го дала бројот на телефон.

Се појавил другиот јутјубер од каналот и тврдел дека токму тој е вистинскиот сопственик на автомобилот.

„Ти си со овој кловн, а тој се фали со мојот автомобил, воопшто не е негов“, викал јутјуберот, па сам ѝ го побарал бројот. Таа го oдбилa и сите ги изненадила со реакцијата.

„Ми се допаѓа автомобилот, но не можеш да импресионираш луѓе со вакви работи“, рекла таа и му понудила на Опто да го префрли со нејзиниот автомобил.

„Чекај, навистина ти се допаѓам? Не си ‘спонзоруша’?“, прашал во нeвeрувaњe.

„Јас не сум ниту навикната на таков начин на живот“, признала девојката која во Лос Анџелес се преселила да биде манекенка.