дома Хроника НЕ ГИ ОСТАВАЈТЕ КЛУЧЕВИТЕ ВО АВТОМОБИЛОТ: Скопјанец остана без Мерцедесот додека купувал...

НЕ ГИ ОСТАВАЈТЕ КЛУЧЕВИТЕ ВО АВТОМОБИЛОТ: Скопјанец остана без Мерцедесот додека купувал лекови во аптека

Во 01,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, се јавил 36-годишниот О.А. и пријавил дека истиот ден околу 01,30 часот на булеварот „Партизански oдреди“ застанал со своето возило „Мерцедес Ц 200“ за да влезе во аптека и го оставил возилото со клучот внатре во него.

Непознато лице го искористило тоа и го одземало возилото „Мерцедес Ц 200“ со скопски регистерски таблици.

Се работи на расчистување на случајот.